Тереза Меј поради Брегзит нема да присуствува на Форумот во Давос

Портпаролката  наТереза Меј денеска изјави дека британската премиерка одржала „конструктивни" состаноци со пратениците со цел наоѓање начин за добивање поддршка од Парламентот за договорот со ЕУ за Брегзит.

 

Од Кабинетот на премиерката Тереза Меј исто така соопштија дека таа нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, бидејќи во овој момент е потребно сите напори да ги насочи кон решението околу договорот за Брегзит.

 

Се очекува во текот на наредните денови да има повеќе состаноци со европски лидери на таа тема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.