Путин: Подготвени сме да инвестираме околу 1,4 милијарди долари за "Турски тек" низ Србија

Владимир Путин беше пречекан во Белград со најголеми почести. Претседателот на Русија донесе повеќе од 20 нови трговски договори со Србија и рече дека Москва е подготвена да инвестира 1,4 милијарди долари во проект за продолжување на турскиот тек преку Србија.


Путин особено нагласи дека ја продолжува добрата соработка со Србија и во областа на оружјето.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на прес-конференција изјави дека се работи на изградбата на "Турски тек" низ Србија и Србија сака за своите граѓани најдобар и најевтин гас, а тоа е рускиот гас, соопшти српската државна телевизија РТС.

Запрашан дали се разговарало за продолжението на "Турски тек" и она што може да ја спречи реализацијата на проектот со оглед на притисокот врз Србија од страна на ЕУ, Вучиќ изјави дека Србија очекува многу од "Турски тек", многу е направено досега и многу процедури се завршени.

"Не знам каков е притисокот врз некои други, на чии територии е гасоводот. "Турски тек" треба да помине преку Србија. Ние не подлегнуваме на таков притисок, нашиот народ треба да добие гас, нашите претпријатија треба да добијат гас, рече српскиот претседател. Тој потсети дека Србија досега добивала гас преку Украина и Унгарија, но планот е во иднина да добива гас од "Турски тек" преку Бугарија и поради тоа се гради овој гасовод. За Србија тоа е од исклучително значење, рече Вучиќ.

Иако е кандидат за влез во Европската унија, Србија редовно покажува добри односи во Москва. И пред да дојде во Белград, Путин го обвини Западот за намерно дестабилизирање на Балканот и критикување на политиката на ЕУ за Косово.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.