Кутрето Паша специјален подарок за Путин од Вучиќ

За време на посетата во Белград Путин од српскиот колега доби специјален подарок - четиримесечно кутре од расата шарпланинец, наречено Паша, пренесоа српските медиуми.

 

"Слатко", рече Путин, кој го прими подарок на крајот од разговорите со Вучиќ. Расата служи за да чува стадо овци на планинските пасишта и како чуварско куче. Според легендите предците на шарпланинскиот овчар, тибетските мастифи, биле донесени од војниците на Александар Македонски за време на источните походи, посочуваат медиумите.


Во центарот на Белград на плоштадот Теразије крај хотел "Москва" се собрани голем број граѓани од цела Србија, кои во знак на поддршка кон претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, поминуваат низ градот до храмот "Свети Сава", каде што ќе им честитаат на двајцата претседатели, пренесе Танјуг. Луѓето носат српски знамиња, постери со слики на Путин и Вучиќ, транспаренти на кои пишува "Србија и Русија - вечни партнери", "Србите и Русите - браќа засекогаш".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.