Колку време би требало да се организира втор референдум за Брегзит?

Организирањето на втор референдум за членството на Велика Британија во Европската унија ќе трае околу една година.

 

Ова се наведува во официјален владин документ презентиран пред пратениците, изјави извор од канцеларијата на премиерката Тереза ​​Меј, а пренесоа британските медиуми.

Претходно, портпаролката на Меј изјави за новинарите дека документот им бил прикажан на пратениците за време на состаноците со цел да се најде начин да се оди напред во процесот за излез од ЕУ.

Според портпаролката, документот е "илустративен и нашата позиција, се разбира, е дека нема да има втор референдум".

Денеска Меј се сретна со пратеници од сите партии во обид да најде излез од ќорсокакот со Brexit откако договорот со ЕУ беше категорично отфрлен од парламентот.

Иако Меј постојано ја отфрла идејата за втор референдум, кампањата за организирање ужива поддршка од некои пратеници, дополуваат медиумите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.