Вучиќ: Ако не се продолжи дијалогот, тогаш можеме да одиме на избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени денес дека е важно меѓународната заедница и Европа да соопштат дали наскоро ќе бидат укинати косовските такси на стоки од Србија, односно дали дијалогот ќе продолжи, за да знае дали да се организираат вонредни избори или не.

 

“Ако нема дијалог, нема пречки да се оди на избори.Затоа е важно да знаеме дали сакаат да разговараат … мислам дека е важно да ги земеме предвид државните интереси и затоа сакаме одговорот од Европејците и од Приштина. Ако не се укинат таксите, тогаш да им дадаме шанса, како и за идејата на (Рамуш) Харадинај да ме тргнат од власта. А тоа се работи на избори “, рече Вучиќ на обраќањето до медиумите после посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград.

 

Тој додаде дека е подготвен да ги сослуша сите наводи дека избирачкиот список не е добар и да сите можни неправилности се коригиранаат.

 

Вучиќ рече дека не е до Србија да “покажува мускули, туку да размислува” и да бара разговори, бидејќи како што додаде “тој ја моли албанската страна да ги укине таксите, бидејќи без овие решенија ќе имаме политички и економски проблеми”.

 

Ние сме подготвени секогаш да разговараме, да видиме до каде е стигнато со Заедницата на српските општини и какви идеи имаат за конечното решение. Гледам дека тоа е Србија да ја признае независноста на Косово, но што има Србија и Србите од сето тоа, од Приштина за ова не добив никаков одговор “, рече Вучиќ.

 

Тој ја негираше изјавата на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол да мора да ја признае независноста на Косово.

 

“Не го слушнав тоа од Путин, но Весели можеби дојде до тоа. Мене Путин напротив, се спротивно од ова ми кажа”, рече Вучиќ.

 

Тој кажа дека Путин ја повторил својата позиција за Косово, како и дека не разговарале за форматот на дијалогот со Приштина.

 

Српскиот претседател во  во обраќањето до јавноста кажа дека соработката со Русија во енергетиката е од суштинско значење и ја истакна важноста на постигнатите договорите за време на вчерашната посета на Владимир Путин. За оваа година најави седум нови хеликоптери од Русија и порача дека одбранбената моќ на Србија до половината од 2020 година ќе се зголеми.

 

Според него, договорот за гас е клучен за Србија, бидејќи тоа ќе овозможи да се “зголемиме вредноста” на земјата. Тој, исто така, ја истакна изјавата на шефот на “Газпром” Алексеј Милер дека до крајот на годината ќе биде изграден гасовен приклучок кон Бугарија.

 

“Ние го нарекуваме централен гасовод од 420 километри, што е суштинска стратешка точка за иднината на Србија”, рече Вучиќ, додавајќи дека ова е огромна инвестиција за која ќе се подели финансирањето, а во кој обем и процент останува да се види.

 

Ова, рече Вучиќ, е од огромна важност за иднината, индустријализацијата, напредокот на Србија и растот на БДП.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.