НЕКОГАШ БИЛ Г-ДИН АДАМОВ: Ова се малку познати детали од животот на Владимир Путин

Путин е многу популарен насекаде во светот, па често се појавуваат интересни работи за него. Ние ви пренесуваме неколку.

 

Неговите родители имале два сина пред него, но и двајцата починале многу рано, па Путин бил нивни трет, но и единствениот син кој  преживеал тешки години.

 

Путин не е ранобудник, тој сака да спие долго време. Појадува околу пладне. По појадокот, Путин обично оди да плива. Тоа му помага да го исчисти својот ум и да започне нов ден.

 

Рускиот претседател бил тајно крстен во Руската православна црква, бидејќи во тоа време религијата беше забранета во Советскиот Сојуз.

 

Путин има црн појас во џудо. Тој беше универзитетски шампион во 1974 година.

 

Во средно училиште, тој се обидел како радио-водител. Ги пуштал "Битлси" на училишното радио.

 

Најблиските соработници некогаш го нарекувале "шеф", а сега, наводно, го нарекуваат "цар".

 

Путин сака шпионски романи и телевизиски серии. Омилена му е серијата "17 моменти од пролетта".

 

Кога бил член на КГБ, тој бил испратен на задача во Источна Германија. Во 1985 година, тој таму живеел под името "Господин Адамов".

 

Путин не пуши цигари и ретко пие алкохолни пијалоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.