Ципрас ги обвини "екстремистичките елементи" за насилството на протестите во Атина

Алексис Ципрас ги обвини екстремистичките членови на десничарската партија "Златна зора" за судирите за време на протестот против Договорот од Преспа. Ова се наведува во соопштението на канцеларијата на грчкиот премиер цитиран од весникот Катимерини.

 

"Во нашата демократија, слободното изразување на граѓаните е неотуѓиво право, дури и за оние кои сакаат да ја укинат демократијата. Нашата должност и неотуѓивата должност на оние од нас кои веруваат во демократијата е да го спречат тоа да се случи. Да ги изолираме и да ги осудиме", се вели во соопштението.

Од полицијата исто објавија соопштение во кое наведуваат дека нивните сили биле нападнати од "организирани групи лица со особена суровост, кои користеле камења, железни шипки, дрвени палки, молотови коктели и полицијата дејствувала согласно оперативниот план и наредбите, демонстрирајќи професионализам и апстиненција со користење на соодветни методи за отфрлање на нападите".

Од своја страна главната опозициска партија "Нова демократија" ја фрли вината за судирите за време на протестите во Атина против Договорот од Преспа врз владата и побара оставка од министрите кои се одговорни за безбедносните сили, објави "Катимерини".

"Кабинетот на г. Ципрас ја покажа својата најтемна и авторитарна страна. Во паника од гневот на грчкиот народ и без сериозна причина тој фрли сериозно количество хемикалии врз стотиците илјади луѓе кои се собраа од цела Грција, за да протестираат мирно против штетниот договор од Преспа. Министрите Папакоста и Геровасили треба да се засрамат од себе и веднаш да поднесат оставка", изјави Мицотакис.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.