Крвави судири во Венецуела, најмалку 14 загинале

Кризата во Венецуела се продлабочува. Илјадници приврзаници на опозицијата излегоа на улиците во неколку градови, за да протестираат противт мандатот на претседателот Николас Мадуро.

 

Полицијата користи сила за да ја растера толпата. Повредени се најмалку 14 лица. Во меѓувреме, претседателот на Националното собрание Хуан Гуаидо го направи денот историски, откако се прогласи за привремен претседател.


Досега 14 земји го поддржаа тоа, вклучувајќи ја и САД. Мадуро им даде на американските дипломатски претставници 72 часа да ја напуштат земјата, но Вашингтон одбива да ги повлече. Поддршка за досегашниот режим изјавија Русија, Турција, Мексико, Боливија и Куба.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.