САД почнаа со повлекувaње дипломати од Венецуела
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 25 Јануари 2019
Стејт департментот нареди дел од вработените на американската влада да ја напуштат Венцуела, само ден откако Вашингтон го призна опозицискиот политичар Хуан Гуаидо за нов венецуелски претседател.
– Тој чекор го преземаме врз основа на нашите моментни проценки за безбедносната ситуација во Венецуела. Затворањето на амбасадата не е во план, пишува во соопштението на Стејт департментот.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД и им даде на вработените во дипломатските претстѕавништва рок од три денови за да ја напуштат државата. Трамп во средата го призна опозицискиот претставник Хуан Гуаидо за нов претседател на таа држава.
Американската Влада во Каракас соопшти дека на дел од персоналот му е укажано дека мора да ја напушти Венецуела, и дека американски државјани треба „сериозно да размислат“ за посета на таа држава. Меѓу САД и Венецуела се уште има комерцијални летови.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс