Седница на Советот за безбедност на ОН, Помпео бара да се поддржи народот во Венецуела

Во тек е седницата на Советот за безбедност на ОН за Венецуела. Русија, Кина, Јужна Африка и Екваторска Гвинеја безуспешно се обидоа да ја блокираат седницата, свикана по барање на САД.

 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика сите држави да го поддржат венецуелскиот народ во обидот за она што се нарекува „незаконска мафијашка држава" на Николас Мадуро.

Помпео истакна дека „хуманитарната ситуација во Венецуела бара дејствување".

Додаде дека девет од десет граѓани во Венецуела живеаат во сиромаштија, додека три милиони биле принудени да се иселат.

– Тоа го загрози меѓународниот мир и безбедноста, истакна Помпео.

Ги обвини Русија и Кина дека се обидуваат да „го поддржат Мадуро во надежта дека ќе врати милијарди долари".

Посочи дека е време нациите да изберат страна, бидејќи, како што рече „или сте со силите на слободата, или сте во сојуз со Мадуро и неговиот хаос".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.