СУРОВА ЗИМА: Најостриот снег во Москва од 70-те наваму (ФОТО)

Рускиот главен град се соочува со најлоши снежни врнежи, кои не се паметат од 70-те години наваму, пренесоа медиумите, повикувајќи се на руските власи и полициски извори.

 

Досега, има паднато околу 40 сантиметри, а временските прогнози предупредуваат дека лошите временски услови ќе траат до вторник, при што снегот ќе паѓа континуирано 48 часа.

 

Силните снежни врнежи предизвикале хаос на два патишта во близина на Москва. Имало неколку верижни судари, кои целосно го запреле движењето.

 

9000 единици за чистење снег се на улиците низ Москва, велат руските власти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.