Венецуела им го продолжи рокот за напуштање на земјата на дипломатите на САД

Владата на Венецуела дозволи диполоматите на САД да останат во земјата додека траат преговорите меѓу двете страни, но не подолго од 30 денови.

 

Во средата, венецуелската Влада на дипломатскиот персонал на САД му даде рок од 72 часа да ја напушти земјата.

 

Министерството за надворешни работи на Венецуела соопшти дека се спроведуваат преговори за воспоставување на Канцеларија за интересите на САД во земјата и дека ќе дозволи персоналот на американската Амбасада во Каракас да остане во земјата додека траат разговорите.

 

Во соопштението се наведува дека рокот за преговори е ограничен на 30 денови и доколку дотогаш не биде постигнат договор, дипломатите по истекување на рокот ќе мора да ја напуштат Венецуела.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.