Итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност поради аферата прислушување

Словенечкиот премиер Марјан Шарец за денеска попладне свика итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност поради наводно дејствување на хрватската Безбедносно разузнавачката агенција (СОА) во Словенија.

 

Поради тоа, хрватскиот амбасадор е повикан на разговор во словенечкото Министерство за надворешни работи, а словенечката амбасадорка е повлечена на консултации во Љубљана.

 

Словенечките медиуми пред една недела објавија дека Давор Франиќ, секретар и шеф на кабинетот на директорот на СОА, Даниел Маркиќ, стои зад прислушувањето на словенечкиот претставник во Арбитражниот суд, Јернер Секолец и словенечката претставничка пред судот од Министерството за надворешни работи, Симон Дреник, што се случи во 2015 година.

 

Франиќ е одговорен за низа скандали и закани што ги вршел според упатства на хрватското раководство, а познат е и како „механичарот Давор“ од аферата „Шпиони“, во врска со префрлување оружје во Босна и Херцеговина.

 

Словенечките медиуми наведуваат дека зад илегалното прислушување континуирано стои СОА и дека Франиќ, како и во аферата во БиХ, раководел со операцијата.

 

Прв показател дека СОА стои зад активностите во Словенија беше изјавата на поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ, кој претходно рече дека СОА и тогашниот директор Драган Лозанчиќ треба да добијат државна награда за нивната работа во арбитражата.

 

Лозанчиќ тогаш го именуваше Франчиќ за шеф на својот кабинет, додека СОА во своите годишни извештаи за 2015, 2016 и 2017 година воопшто не ги споменува активностите во Словенија или во областа на арбитражата.

 

Словенечките медиуми наведуваат дека зад Франчиќ стои Божо Петров, лидер на МОСТ и поранешен претседател на хрватскиот Парламент, кој е „политички кум на Франиќ“.

 

ПОП-ТВ, пак, вчера објави дека посредникот на хрватската Влада, Иван Тољ се обидел да го спречи емитувањето на репортажата за прислужувањето.

 

Поради тоа, партијата Социјални демократи (СД), една од членките на владејачката коалиција, побара итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност, чие барање Шарец го прифати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.