Најавено повторно отворање на случајот против Асанж во Шведска

Швеѓанката која го обвинува основачот на Викиликс Џулијан Асанж за силување, ќе побара повторно отворање на тој случај пред шведското правосудство. Шведското обвинителство се откажа од прелиминарна истрага во 2017 година.

 

Адвокатката Елисабет Маси Фриц изјави дека нејзината клиентка го чекала апсењето на Асанж и на тоа се надевала уште од 2012 година. Адвокатката вели дека ќе направи сè за повторно отворање на случајот со цел Асанж да се испорача на таа земја за да му се суди за силување.

 

Асанж е уапсен денеска во Амбасадата на Еквадор, откако таа земја му го укина азилот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.