Трамп: Не знам ништо за Асанж, тоа не е моја работа

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да го коментира денешното апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, велејќи дека не знае ништо за тоа.

 

Британската полиција денеска го уапси Асанж откако Еквадор му го одзеде азилот, кој му овозможи да остане седум години во Амбасадата на таа земја во Лондон.

 

– Тоа не е моја работа, им изјави Трамп на новинарите во Овалната соба.

 

Трамп за време на изборната кампања во 2016 година неколку пати го пофали Викиликс кога ги објави мејловите на неговата ривалка Хилари Клинтон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.