Опозицијата во Србија ја обвини владата за саботирање на протестот против Вучиќ

Опозицијата во Србија објави дека владата го саботирала големиот митинг во Белград.

 

Според организаторите на демонстрациите против претседателот Александар Вучиќ, владата ги прекинала автобуските линии за да ги спречат луѓето да присуствуваат.

 

Има несогласување и колку луѓе присуствувале на протестот. Полицијата соопшти дека биле 7500, а опозицијата вели дека имало многу повеќе.

 

Претседателот Вучиќ постојано ги отфрла опозициските обвинувања за авторитарно владеење и тврди дека само мал процент од граѓаните се зад нивните барања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.