Трамп претстави план кој ги фаворизира талентираните имигранти

 Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави својот имиграциски план, кој предвидува фаворизирање на талентираните, „брилијантни" имигранти со изразени вештини и знаење.

 

Избегнувајќи остра реторика против илегалните имигранти, која претходно ја користел, Трамп истакна дека сака да им овозможи на „најбрилијантните" луѓе да живеат во САД преку систем кој ги наградува талентите и умните луѓе.

Тој нагласи дека постоечките имиграциски закони на САД ги „дискриминираат генијалците и исклучителните луѓе" бидејќи најмногу „зелени карти", односно дозволи за престој, им се даваат на ниско квалификувани лица со мали заработувачки.

 

Планот кој Трамп го претстави се заснова врз заслуги и предвидува посебен третман за високо квалификуваните работници. Врз основа на заслуги ќе бидат доделени 57 отсто од „зелените карти", за разлика од досегашните 12 проценти.

Според планот, САД во иднина ќе доделуваат ист број „зелени карти" како досега, но значително поголем број ќе им се даде на исклучителните студенти, професионалците и високо образованите луѓе. Во предвид ќе се земат и факторите, како што е возраста, познавањето англиски јазик и понуди за работа.

 

Значително помалку „зелени карти" ќе им бидат дадени на оние чии роднини веќе живеат во САД.

Сепак можноста овој план, кој се уште не е усвоен од Републиканската партија, да биде поддржан во Конгресот на САД е многу неизвесна. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.