Лажна тревога за сомнителен пакет во близина на Кабинетот на Меј

Лондонската полиција соопшти дека нејзините специјални тимови го провериле „сомнителниот пакет“ пронајден во близина на Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и утврдиле дека тој не претставува никаква опасност.

 

– Улиците наскоро ќе бидат деблокирана, соопшти полицијата на Твитер, без да прецизира што содржел пронајдениот сомнителен пакет.

 

Претходно, Скотланд Јард информира дека го блокирал реонот околу улицата „Дунинг“ во Лондон, во која се наоѓа Кабинетот на Меј, поради пронајден „сомнителен пакет“, додавајќи дека поради блокадата сите пешаци и возила се насочуваат кон околните улици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.