Израелски одмазднички напади врз Појасот Газа

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини авиони бомбардирале цели во Појасот Газа, како одговор на вчерашниот ракетен напад од оваа палестинска територија врз јужен Израел, при што беше погодена зграда во градот Сдерот.

 

Во армиското соопштение се нагласува дека воените авиони гаѓале „терористичка инфраструктура" на радикалното исламистичко движење Хамас, кое ја има контролата врз Појасот Газа.

 

Засега нема информации од палестински извори за евентуални жртви при израелските воздушни напади.

 

При вчерашниот ракетен напад врз Сдерот немаше жртви.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.