Меј ќе се посвети на готвење и крикет по пензионирањето од премиерската функција

Британската премиерка Тереза ​​Мај вети дека по напуштањето на функцијата ќе се посвети на активности кои немаат никаква врска со политиката, вклучувајќи пешачење, готвење и гледање спорт. Таа го сподели ова во разговор со деца на телевизијата Скај њус.

 

Одговарајќи на едно од детските прашања за тоа што ќе прави по напуштањето на канцеларијата, Меј одговори: "Јас ќе останам член на парламентот, но тогаш ќе имам повеќе време да се занимавам и со други работи освен со политиката. Прошетка со мојот сопруг, би сакала да готвам повеќе, а ќе можам да трошам време гледајќи крикет."

 

Тереза ја сака кулинарската уметност, па дури и признава дека сака да готви гуска. Во својата селска куќа има голема колекција кулинарски книги. За време на нејзиниот одмор во Велс, таа сака да пешачи во планинската област.

 

Не може да се сокрие и нејзината љубов кон крикетот, па често може да се види на трибините на Лорд Крикет во Лондон.

 

Откако британскиот парламент три пати го поништи Бриселскиот договор за условите на Брекзит, Меј го напушти раководството на Конзервативната партија на 7 јуни, што исто така значи и повлекување од премиерската функција. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.