Поскапеа цените на куќите во Естонија, Летонија и Австрија

Цените на куќите во земјите на Европската унија, од 2010 до 2018 година, скокнаа најмногу во Естонија, Летонија и Австрија, покажуваат податоци на Евростат.

 

Овој скок во Естонија изнесувал 83 проценти, во Летонија 61, во Австрија 56, во Шведска 55, во Луксембург 50 отсто. Пад на цените има во Италија од 17 отсто, во Шпанија за 12 и во Кипар за осум проценти.

 

Куќите и зградите, без разлика дали се нови или веќе изградени, се зголемија за осум проценти во периодот од 2006 до 2008 година, а беа намалени за четири проценти поради финансиската криза следната година (2009). Сепак, цените почнаа повторно да растат во 2014 година.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.