Петто издание на NASA Space apps challenge во Македонија

NASA Space apps challenge

Петтото издание на светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge ќе се одржи на 29 и 30 април во Скопје, во организација на ЊуМенс Бизнис акцелераторот и Голдилокс Стејт Фондацијата, под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.


Победничкот тим од Македонија ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија.


За наградата од Македонија ќе се натпреваруваат 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички ќе работат на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената, со поддршка и совети од експерти од компании поддржувачи на овој настан, најавија од ЊуМенс Бизнис акцелераторот.


На светско ниво станува збор за најмасовниот интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на шест континенти, во 170 градови, со над 15.000 учесници. Активностите ги раководи NASA од каде за време на хакатонот ќе им стават на располагање на учесниците отворени податоци од своите истражувања, како и свој тим на експерти со кои учесниците ќе можат да комуницираат за време на натпреварот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.