Акците на “Apple” достигнаа највисока вредност

“Apple”

Акците на “Apple” достигнаа највисока вредност до сега, но за многу кратко време. Неделава во вторник е забележана најголемата пазарна капитализација од 779,6 милијарди долари, останувајќи единствена американска компанија со пазарна вредност од над 700 милијарди долари.


Компанијата го пријавила приходот во првиот квартал од 52,9 милијарди долари, што е малку помал од предвидените 53,02 милијарди. Во тој период продажбата на ајфоните паднала на 50,76 милиони, со 51,19 во истиот период лани.


Заработката по акција во првиот квартал изнесува 2,1 долар, на приход од 52,9 милијарди долари, додека во истиот минатогодишен период на приходот од 50,56 милијарди изнесувал 1,9 долари.


Зад нив е “Alfabet” со 646 милијарди, “Microsoft” со 536 милијарди и “Amazon” со вредност од 451 милјарда долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.