Избор на финалисти за националниот натпревар „Мајкрософт офис специјалист“

„Мајкрософт офис специјалист“

Основци, средношколци и студенти на возраст од 13 до 22 години заклучно со денеска имаат можност да се изборат за учество во финалето на вториот национален натпревар - Microsoft Office Specialist на Македонија, што ќе се одржи на 31-ви овој месец во Скопје. 


Во финалето ќе влезат најдобрите 40, од кои 30 на ниво на цела Македонија и 10 од Скопје, според ранг листата, меѓу кои е и минатогодишниот победник Марко Марковиќ. 


Се натпреваруваат преку официјални електронски испити од Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и Power Point едиција 2013 или 2016.


Победникот во финалето со најмногу бодови и најкратко време, заминува во Калифорнија, како директен учесник на Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.