Како правилно да го полните вашиот телефон

Како да го полните телефонот

Универзално прифатена вистина е дека батеријата на паметните телефони не може да трае подолго од 23 часа. Исто така, се верува дека честото полнење на телефонот на кратки периоди не е добро за батеријата. Но ова не е вистина, барем според компанијата за производство на батерии „Cadex“.

 

Оттаму велат дека лошо за батеријата е кога го оставате телефонот на полнач и тогаш кога батеријата е веќе полна. Тоа најчесто се случува кога го полните навечер. „Li-ion“ батериите не треба да бидат наполнети 100% бидејќи високата волтажа претставува стрес за батеријата. 

 

Па така, од компанијата советуваат телефоните да не се полнат во текот на ноќта, туку преку ден. Препорачливо е да се користи ѕиден полнач, да се вклучи „airplane mode“, бидејќи помага во забрзувањето на процесот на полнење, а последен совет од компанијата е да не се вклучува екранот на телефонот и да не се проверува додека се полни бидејќи и тоа ја троши батеријата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.