Huawei го престигна Apple во бројот на продадени телефони

Huawei

Kинеската компанија Huawei го престигна Apple во бројот на продадени телефони за месеците јуни и јули, покажа новото истражување на компанијата „Counterpoint“.

 

Со тоа Huawei стана втор најпродаван бренд во светот, а Samsung го задржа првото место. Бројките покажуваат и дека најверојатно заради добрата продажба на Huawei претходниот месец, овој бренд повторно да биде на второто место по продажба.


Во извештајот се потенцира дека е необично што Huawei се искачи на второ место според продажбата, а нема ниту еден уред во најпродаваните 10. Истражувачите тоа го објаснуваат со фактот дека Huawei има голем број на уреди во сите класи, па на тој начин успева да ја зголеми продажбата.


Извештајот ги објави и најпродаваните модели за јули, а таму меѓу првите се iPhone 7 и iPhone 7 Plus, па следуваат Oppo R11 и Oppo A57. Остатокот од првата 10-ка го сочинуваат Samsung Galaxy S8, Xiaomi Redmi Note 4X, Samsung Galaxy S8 Plus, iPhone 6, Samsung Galaxy J7 Prime и Samsung Galaxy A5 2017.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.