Google ќе ги претстави новите Pixel телефони на 4ти октомври

Google Pixel

Pixel 2 и Pixel 2 XL треба да бидат новите модели од Google, наследници на првата генерација по промената на политиката на компанијата со популарните Nexus уреди.

 

Првите Pixel телефони го имаа очекуваниот успех, па сега фановите чекаат да видат дали Google ќе понуди нешто доволно добро за да им конкурира на Samsung и Apple кои целосно отидоа во правецот на големи уреди со многу мала рамка на екраните. Од компанијата официјалната промоција ја закажаа за 4ти октомври.

 

Според неофицијалните информации, се очекува новите уреди да ги имаат најновите компоненти достапни во моментот, односно Snapdragon 835 или 836, 4GB RAM меморија, како и 128GB меморија за складирање на податоци.

 

Во видео објавено од страна на Google кое го најавува настанот можеме да видиме дека со новите телефони тие ќе се сконцентрираат на подобро траење на батеријата, поголем простор за складирање, како и можностите на Google Assistant.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.