Microsoft почна да го продава Galaxy Note 8 во своите продавници

Galaxy Note 8

Microsoft почнаа да продаваат Galaxy Note 8 со Android во своите продавници, кој за разлика од другите модели е опремен со “Microsoft Launcher” и цела плејада апликации на Microsoft од типот на Word и Outlook, со цел на него да ви биде овозможено Microsoft искуство.


Сепак, за многу корисници на Windows, ова нема да биде доволно, а воедно и секој што има Android телефон реално може да ги инсталира истите апликации и да го има истото искуство. Всушност, продавањето на Galaxy Note 8 во продавниците на Microsoft е само начин на кој тие сакаат да стигнат до поголем број на корисници со својот софтвер, односно да покажат како тој би можел најдобро да работи со S Pen пенкалцето. Покрај софтверот од Microsoft, кај овој модел спецификациите се целосно подеднакви како кај стандардниот модел.

 

Дисплејот има големина од 6,3 инчи и резолуција од 2960х1440 пиксели и според зборовите на многумина е најдобриот дисплеј на пазарот. Процесорот е Snapdragon 835, бидејќи ќе се продава само во САД, помогнат од 6 GB рам меморија и 64 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Батеријата има солидни 3.300 mAh, задната камера е двојна со 12 мегапиксели, предната има 8 мегапиксели, а целиот телефон е и IP68 водоотпорен, што е одлична вест. Неговата цена изнесува 929 долари, исто како да го купите и на било кое друго место (во САД).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.