Зрачењето на смартфоните најверојатно нема да ве убие, покажуваат новите студии

Зрачење на мобилните уреди

Две државни студии, спроведени од National Toxicology Program (NTP), заклучиле дека мали се шансите зрачењето на мобилните уреди сериозно да ви наштети.

 

Сепак, треба паметно да ги користите уреди и да преземете одредени мерки на претпазливост. Студиите користеле глувци кои биле изложени на радиофрекфентно зрачење (RFR), како она кое зрачи од мобилните уреди и микробрановите печки. "Доколку постои ризик, тој е мал" - изјавил еден од NTP научниците, John Bucher.

 

Bucher сепак советува корисниците на смартфоните, да преземат превентивни мерки и да ги користат уреди што помалку до ушите. Докторот тврди дека ваквите мерки драматично ја намалуваат штетата. Истотака, најпаметно е телефоните да бидат што подалеку од вашиот кревет додека спиете. Сепак, д-р Бучер вели дека постои шанса да дојде до некакви здравствени проблеми кај човекот од мобилното зрачење под "услови на висока изложеност". 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.