Утре без струја населба и село Радишани

Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (Општина Бутел).
 
Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.
 
Граѓаните на Скопје денеска на Воениот стадион имаа можност одблиску да се запознаат со опремата и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите JLTV оклопни возила. Показна вежба имаа армиските Ренџери, а претставени беа специјалните сили, баталјонот на Воената полиција, Воено-медицинскиот центар, воздухопловниот ВИНГ, армиските кучиња.
 
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради улични дефекти прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци.
 

Без вода денеска Тафталиџе

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради двоење во шахта на „Дамаска“ 11 б во населбата Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Дамаска, Прашка и дел од Букурешка.
 

162 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
 
По повод почетокот на пролетта, општина Гази Баба спроведе акција за засадување на 5000 нови садници дрва на територија на општината.
 

„Скопје е развластен град“, вели Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучи на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата за садење дрвја и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.
 

Аеродром добива нов парк на влезот во Лисиче

На самиот почеток на пролетта почна изведбата на новиот парк на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот Февруарски поход, извести Општина Аеродром.
 
По повод првиот ден на пролетта во сите основни училишта и градинки во Општина Центар се проведува еко акција во која наставниот и воспитниот кадар заедно со дечињата и учениците го чистат сметот и садат нови цвеќиња и садници. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски им се приклучи на учениците во ООУ „Ј.Х. Песталоци“, а со донации на цветен расад се приклучија и нашите пријатели од Рамстор во ООУ „Гоце Делчев”.
 
По повод одбележување на 21 Март – Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија над 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.
 
Над 1000 садници денес, по повод Денот на пролетта, се садат низ цела Кисела Вода. Багреми, туи, цреши, брези, сливи ќе бидат засадени во парковите „Оксиген”, „Феникс”, во Усје кај крстот, во Пинтија каде што се гради нов плоштад, во Расадник, извести општина Кисела Вода.
 
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека најавениот прекин во водоснабдувањето, односно уличниот дефект на ул. Иван Козаров , поради технички причини се одложува за утре.
 
Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец и Чучер Сандево.
 
Делегацијата на Копривничко-крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови.
 
Градежен зафат се одвива во населбата Кисела Вода. Општината целосно ја реконструира улицата Марко Орешковиќ со нејзините краци, на површина од преку 2500 квадратни метри.
 

Без струја неколку скопски општини

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
 
„Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба – од Бобан Стефковски, а Аеродром – од Тимчо Муцунски, се поврзани со мост од ѓубре“, рече советничка од партијата Левица во Советот на општина Гази Баба, Марија Ѓошевска.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.