Елон Маск: новиот Тесла Роудстер ќе користи ракетен погон за да лебди над површината

Новиот Тесла Роудстер ќе го прави ова:

 

 

- напиша Елон на Твитер и објави фотографија.

Откако веднаш почнаа да пристигнуваат коментари дали се шегува, Маск одговори:

„Не се шегувам. Ќе биде користен погонот со ладен гас од Спејс Икс со ултра висок притисок на компресиран воздух. Колата ќе забрзува до лимитот на човечката издржливост.“

 

Следува да видиме дали ќе се исполни ова ветување.

Тоа што до сега го знаеме е дека Тесла се стреми да го донесе Роудстерот на пазарот до 2020 година како најбрзата масовно продуцирана кола воопшто. Би требало да достигне од 0 до 60 милји на час за помалку од 2 секунди. Компанијата прима резервации за основната верзија која чини 200000 долари со депозит од 50000 долари.

 

Исто така Маск во средата објави твит во кој изјавува дека Тесла наскоро ќе запре со продажба на најевтините Модел С и Икс возила. 

„Ако сакате некоја од тие верзии, ве молиме да нарачате до Недела вечер“ - изјави тој.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.