Филипче: Отворени шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид

„Министерството за здравство во соработка со Пивара Скопје, во текот на 2018 и 2019 година отвори шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи во градовите Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид. Кон крајот на 2019 година, потпишавме и Меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи во земјава. Со ова, заеднички одговараме на важните прашања поврзани со родителството“, изјави министерот Филипче.

Тој додаде дека школите функционираат одлично и дека идните родители имаат можност да посетуваат бесплатни обуки, со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството.

Стручен тим составен од педијатар, гинеколог-акушер и патронажна сестра ги едуцира идните родители во групни здравствени-образовни работилници, организирани во 5 тематски целини за текот на бременоста, нега на трудниците, но и за подготовките за породувањето, негата и исхрана на новороденчето.

Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.