Се обновува осветлувањето во Лисиче

Јавно осветлување

Општина Аеродром информира дека ќе започне со промена на старите метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата Лисиче.


Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови, ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите, додаваат од општината. Станува збор за 265 столбови и околу 330 нови светилки, за што ќе бидат наменети пет милиони денари.


Исто така, Општина Аеродром во текот на оваа година планира и осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче, додаваат од општината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.