5000 ден. еднократка парична помош за новороденчињата во Аеродром

Помош за новороденчиња

Општина Аеродром додели 810 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња на нејзината територија. За оваа намена се издвоени над 4 милиони денари од општинскиот Буџет.

 

Бројот на машки и женски деца родени во Аеродром во 2017 година е речиси идентичен, а расте бројот и на родени близначиња. Од Општина Аеродром информираат дека проектот за еднократна парична помош на секое семејство со новороденче во Општина Аеродром продолжува и во 2018 година. Надоместокот е во висина од  5.000 денари. Еднократната парична помош се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата во Општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на Општина Аеродром.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.