Од понеделник акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Собирање кабаст отпад

На територијата на општина Аеродром од денеска до среда ќе се реализира акција за собирање кабаст отпад.


Од општината ги повикуваат граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови или до најблискиот контејнер.


Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.


Акцијата ја реализира општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.


Одложувањето кабаст отпад на јавна површина надвор од најавени акции за собирање, е казниво со закон.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.