Подобар квалитет на воспитно-образовниот процес во Општина Аеродром

Општина Аеродром

Спроведување конкретни проектни активности, истражувања, креирање, развој и промоција на европски образовни и подобар квалитет на воспитно-образовниот процес во Општина Аеродром е целта на меморандумот за соработка кој го потпиша општината со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ,,Европа за тебе,,.

 

Општина Аеродром и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ,,Европа за тебе,, Скопје, потпишаа Меморандумот за соработка. Целта на меморандумот е спроведување конкретни проектни активности, истражувања, креирање, развој и промоција на европски образовни, социо-културни и економски политики со што ќе се унапреди образовниот, економскиот, културниот и општествениот статус на граѓаните.


Во рамките на оваа соработка ќе се организираат заеднички работилници, семинари, обуки, трибини и други форми на активности за зајакнување на педагошките компетенции на наставниците, преку развивање на современи интерактивни модели кои ќе се имплементираат во основното воспитание и образование. На тој начин ќе се унапредува квалитетот на наставата, согласно современите образовни системи и практики. Ваквата програмска поставеност е своевидна поддршка и на претстојните реформи на воспитно-образовниот процес во Република Македонија, со посебен осврт на основното воспитание и образование.


Преку Меморандумот за соработка со Институтот ,,Европа за тебе,, Општина Аеродром ќе добие и стручна помош и поддршка за аплицирање и учество во проекти чија цел е унапредување на воспитно-образовните, економските и социо-културните услови во училиштата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.