Зголемено полициското присуство пред ТЦ Капитол

ТЦ Капитол

Кампања за заштита на граѓаните од кражби се спроведе денеска во Општина Аеродром пред ТЦ Капитол Мол. Претставници од СВР Скопје денеска делеа флаери со едукативна содржина и им укажуваа на граѓаните како да го заштитат својот дом од кражба и како да се заштитат од џебните кражби.

 

Пред ТЦ Капитол денеска беше зголемено присуството на полицијата, но не за да казнува, туку да ги советува граѓаните како да го заштитат својот дом од кражби и како да се заштитат од џебни кражби. Општина Аеродром и СВР Скопје денеска организраа капмања за заштита на домовите од кражби со цел да се зголеми свеста кај граѓаните за поголема заштита од кражби. Сите врати и прозорци треба да бидат добро затворени, да не се дозволува непознато лице да влегува во домот, никогаш да не се остава влезната врата отклучна и да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително. Ова беа само дел од советите кои полициските службеници им ги кажуваа на граѓаните.


Во рамки на кампањата освен што директно се советуваа граѓаните, се делеа и известувања и флаери со едукативна содржина и повеќе совети како граѓаните да се заштитат од кражби. Ристо Јовановски, од одделението за превенција при СВР Скопје, истакна дека со овие капмањи сакаат да ја зголемат свеста на граѓаните и полицијата да биде поблизу до народот.


Основна цел на проектот е да се зголеми информираноста на граѓаните, подобрување на безбедносната состојба на територијата на Општина Аеродром, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, соработка и зголемена доверба на граѓаните во полицијата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.