Поставен билборд за прочистување на воздухот во Аеродром

 

Скопје ја доби втората, а општина Аеродром првата City Tree инсталација која што придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот во градот.

 

Инсталацијата, која што денеска се постави во населба Аеродром, е донација од Триглав осигурување, и претставува биолошки филтер, кој што го прочистува воздухот од штетни материи, како азотни и сулфурни оксиди, јаглерод диоксид и моноксид и ги отстранува тешките метали.

 

City Tree претставува иновативна структура од мов со моќ на прочистување на воздухот од штетните честички на прашина и други гасови. Како што истакна директорката на Еко свест, Ана Чоловиќ Лешоска, сити три инсталацијата е совршена комбинација од новата технологија и прочистувачката моќ на растенијата, што ја прави само-одржлива и долготрајна вертикална градина, пријатна за очите и корисна за сите. Го неутрализира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина. Има прочистувачки ефект како 275 дрвја и е извонреден начин за справување со климатските промени, бидејќи нуди разладување од 17°С во радиус од 5 метри поради природната функција на растенијата.



Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, нагласи дека за решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот оваа година ќе бидат наменети околу 300 000 евра, што е за 20 пати повеќе од досега.

 

 



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.