All for Joomla All for Webmasters

Тендерската постапка за реконструкција на патот во Долно Лисиче е во тек

Општина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Општината е во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.

 

Од Општина Аеродром информираат дека по реакцијата на жителите од Долно Лисиче, уште еднаш  истакнуваат дека ја разбираат итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот на кој активно се работи е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект, предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди.

Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во најбрз можен рок, информираат од општината.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.