Општина Аеродром ќе набавува механизација за чистење

Акцијата за чистење на јавните градски претпријатија денеска продолжува во Општина Аеродром.

 

 Ќе се чисти низ цела општина според направен план на најкритичните точки, а екипи на ЈП,,Комунална хигиена,, ќе ги чисти и мие и споредните улици во општината.

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин рече дека општината има сериозен проблем со хигиената и токму поради тоа обезбедени се средствата од Буџетот на општината за набавка на сопствена механизација за одржување на парковите, како и ангажирање фирма за одржување на хигиената во текот на целата година, што значи дека таа фирма би се грижела и за чистењето на снегот во зимскиот период.

 

Акцијата за чистење започна од Општина Ѓорче Петров, а ќе се одвива во сите скопски општини. За акцијата во Аеродром ангажирани се 120 лица од општината и над 100 лица вработени во Јавните претпријатија.


Директорите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило Абдусамет Шабани и Адриан Муча апелираат до граѓаните да им се приклучат кон акцијата, да внимаваат и да ја чуваат чиста животната средина.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.