Општина Аеродром: Случајот со фрлената ученичка пријавен во полиција

Општина Аеродром ја информира јавноста дека е во постојана комуникација со претпоставените од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ и сите надлежни институции во однос на случајот со 14-годишната ученичка, која има телесни повреди.

Случајот е пријавен во Полициската станица Аеродром и се преземаат мерки за негово целосно расчистување. Исто така, Државниот просветен инспекторат беше повикан и изврши увид во случајот.

Општина Аеродром најстрого осудува секаков вид насилство меѓу учениците и е посветена на целосно расчистување на овој случај, како и креирање мерки за подигнување на свеста кај учениците од најмала возраст и превенција на идни немили настани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.