Општина Аеродром најавува мерки против загадувањето

На почетокот на новата грејна сезона, кај населението, сосема оправдано се појави и стравот од загадување на воздухот, проблем кој минатата година го достигна својот максимум.

 

Најголемото загадување лани беше во општина Аеродром, поточно во населбата Лисиче. Со цел, решавање на овој проблем, денеска градоначалникот Златко Марин, на прес конференција рече дека решавањето на овој проблем бара долгорочен меѓуинституционален пристап, но приоритет се најмладите и нивното здравје.

 

Набавени се 83 прочистувачи за воздух за секоја просторија во сите детски градинки на територијата на Општината.

 

Оваа година се воведува и нова мерка за субвенционирање на индивудуалните домаќинства, кои преминуваат кон поеколошки системи за греење. Во фокусот на овој пилот-проект ќе бидат социјално загрозените семејства во Општина Аеродром.

 

 Во борбата против загадувањето, општината ќе ги зголеми зелените површини во општината. Во оваа насока се набавени 1.800 нови високоизраснати садници, и се предвидени четири нови парка во Мичурин и Стар Аеродром.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.