Благодарница за Општина Аеродром за поддршка на изложбата на олдтајмери

Организаторите на изложбата на олдтајмери „Skopje Classic Day“ што во неделата се одржа во паркот со авион изразија благодарност до Општина Аеродром за поддршката за организирање на овој настан.]

 

Организаторите на настанот Игор Стефановски и Благоја Петровски кои неодамна во Скопје по трет пат го организираа и „Distinguished Gentleman’s Ride“, како и оваа изложба му благодарница за успешна соработка на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

 

Голем број граѓани го посетија настанот на кој беа изложени 50-ина луксузни олдтајмери и 20-ина моторцикли од земјава и од соседството. Сите возила се постари од 35 години, што е основен услов да се класифицираат како олдтајмери.  

 

Општина Аеродром, како што се наведува во соопштението од таму, е голем поддржувач на вакви и слични настани, кои покрај забавниот имаат и едукативен карактер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.