Општина Аеродром од денеска ќе субвенционира купување печки на пелети

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија.

 

Целта на овој пилот-проект, како што соопштија од oпштината, е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето.

 

Јавниот повик ќе трае до 3 декември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

 

Општина Аеродром за овој проект издвои 500 илјади денари од својот буџет.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.