ПРИЈАВИ ЗАГАДУВАЧ! Продолжено работното време на инспекцискта служба на Општина Аеродром

Инспекциската служба на Општина Аеродром од 1 ноември го продолжи работното време до 22:00 часот секој работен ден.

 

Инспекторите работат во две смени и вршат секојдневни контроли на целата територија на општината од областа на животната средина, загадувањето на воздухот, несовесно фрлање шут и отпад и други нерегуларности.


Службите се дежурни и во викендите, а граѓаните своите забелешки можат да ги пријават на дежурниот телефонски број 075/316-515.


Инаку, во текот на ноември инспекторите изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина. Исто така, имаше и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Граврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган се изречени и повеќе од 15 опомени.

 

Инспекциските служби во текот на ноември извршија и мерење бучава на две локации, од кои на едно место е изречена и парична казна за надминување на дозволената граница на бучава.


Овој месец се исконтролирани сите градилишта на територијата на општината и им се изречени опомени да не ги напуштаат градилиштата со валкани тркала.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.