Општина Аеродром ги повикува обврзниците да го подмират данокот на имот

Општина Аеродром ги повикува даночните обврзници кои имаат заостанат и неплатен долг што произлегува од Законот за даноците на имот, неодложно да ги подмират своите обврски.

 

Информираат дека во согласност со одредбите за присилна наплата  и обврските кои произлегуваат од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година.

 

Од општината посочуваат дека даночните обврзници доколку имаат платено данок, а не е регистриран, за да се избегне блокирања на сметките, граѓаните можат да се јават односно лично да отидат во просториите на Град Скопје, барака 16 секој работен ден од 7:30 часот до 16:30 часот.

 

Општина Аеродром информира дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.