ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од денеска ќе се грее на пелети, наместо на нафта

Во борбата против загадувањето на воздухот се вклучија и основните училишта.

 

Откако минатата недела информиравме дека две училишта во општина Ѓорче Петров ќе го променат начинот на затоплување со цел намалување на аерозагадувањето, денеска бевме сведоци на промоција на нова печка на пелети, за затоплување на основното училиште Гоце Делчев, во населеното место Долно Лисиче.

 

На промоцијата присуствуваа заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, кој нагласи дека од тука почнува големата акција за промени на системот на затоплување на училиштата, која ќе продолжи и во другите училишта на територија на општината.

 

Директорката на училиштето Гоце Делчев, информираше дека до сега за еден месец затоплување на нафта користеле околу 60.000 денари, а од сега се очекува со употребата на пелетите месечно за затоплување на ова училиште да се трошат околу 35.000 денари.

 

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули нагласи дека ова е само една од мерките кои се преземаат за подобрување на состојбата со загадениот воздух во Скопје. Информираше дека за таа цел министерството презема и други конкретни активности.

 

Мерната станица во населбата лисиче која подолго време не е во функција, ќе почне да го покажува нивото на загаден воздух во текот на 2019 година, дополни Макрадули.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.