Асфалтирана улицата меѓу новите згради во Мичурин

Изградбата на улицата „Новопроектирана 8“ во населбата Мичурин, што се протега покрај улицата „Фрањо Клуз“, е во завршна фаза и деновие се асфалтира.

 

Новата улица е во должина од 200 метри со јавно паркиралиште, за кои Општина Аеродром издвои над 8 милиони денари.

 

„Новопроектирана 8“ доби и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа. Улицата и паркиралиштето ќе бидат и целосно осветлени.

 

Изградбата на оваа улица за граѓаните значи полесен пристап до новите згради и приклучок кон комплетно новата подземна инфраструктура, истакнуваат од Општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.