Во изминатата година Општина Аеродром со посебни активности во градинките и училиштата

Како што информираат од општината, во изминатата година релизирани се голем број проекти преку транспарентна, чесна и посветена работа.

 

Како што информираат од Аеродром, обезбедени се повеќе места за дечињата во градинките, изграден е еден нов објект, „Бубамара“ со 8 занимални, вкупна површина од 1.500 квадратни метри и  капацитет за згрижување 270 деца. За оваа намена беа издвоени 40 милиони денари од буџетот на Општина Аеродром. Во оваа насока, изработени се проекти за уште четири нови детски градинки.

 

Општината ги презеде трошоците за обезбедување на училиштата и почна да ги подобрува условите за образование во основните училишта, а од оваа учебна година почна да доделува по 3.500 денари за секое прваче, со што ги олесни трошоците на родителите.

 

Општина Аеродром финансиски го поддржа Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“, а во соработка со УНДП ангажира 10 образовни и 6 лични асистенти што ќе работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби. За здрава животна средина во центарот на општината е поставен прочистувач на воздух „Сити три“, а се поставени и 83 прочистувачи во сите детски градинки во секоја занимална. Насадени се 500 нови садници, а набавивме и 1.800 нови високоизраснати дрвја. Наш врвен приоритет е подигнување нови зелени површини. Во таа насока веќе објавен е јавен повик за изработка на проекти за 4 нови парка.

 

На територијата на Општина Аеродром се организирани повеќе екоакции, во чии рамки се расчистуваа депонии, мини депонии и се уредуваа зелелни површини, а досега се собрани повеќе од 50 кубни метри кабаст отпад. За првпат оваа година Општина Аеродром субвенционира домаќинства за промена кон еколошки систем за загревање.

 

Општина Аеродром во наредниот период ќе продолжи во насока на создавање современа, развиена европска општина, со висок стандард на урбано живеење и подобри услови за сите граѓани.

 

Архива: 23.11.2018 год.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.