Општина Аеродром: Во сила мерката за забрана за носење невакцинирани деца од МРП вакцина во градинките

Стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот, соопштина денеска од Општина Аеродром. 

 

Од Општината апелираат до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили.

 

Мерката за забрана за носење на невакцинирани деца од МРП-вакцината, стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести, се подвлекува во соопштението. Инаку, Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје. 

 

Претходно, Министерството за здравство соопшти дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.